Универзитетската професорка Маја Ангеловска-Панова жестоко реагираше на обидите на СДСМ да ги искористи трагичните настани за политички цели. Во својата објава на социјалните мрежи, Панова повика на достоинство и емпатија во време кога државата се соочува со трагична загуба на млад живот.
„Политичките агенди во вакви моменти се најмалку потребни. Неверојатно е како некои луѓе не знаат да покажат ни трошка достоинство,“ напиша Панова, осудувајќи ги, како што вели, „неартикулираните крици“ на политичките опортунисти.
Обвинувањата доаѓаат откако СДСМ, според Панова, ги искористи протестите заради нивни партиски цели, наместо да покажат емпатија и почит кон жртвата. Во нејзината објава, Панова истакна дека е време политиката да остане надвор од граѓанските протести и да се работи на вистински системски решенија.
Дали некрофилските злоупотреби продолжуваат да бидат заштитен знак на СДСМ?