Македонија

Укината забраната за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на патот Крива Паланка – ГП Деве Баир

Укината забраната за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на патот Крива Паланка – ГП Деве Баир

Денеска во 10.15 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, соопштија од ЈП Македонијапат.

Од јавното претпријатие информираат и дека од 10.40 часот е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир и на Пресека.

Претходно утрово оттаму информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, како и дека забрани за тешки товарни возила биле воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема.

Утрово од 07:30 часот поради врнежи од снег била воведена забрана за тешки товарни возила преку планинскиот превој Барабарос, а од 08:05 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека. Од 08:30 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир.

Најнови вести од Македонија

To top