Во 08.25 часот утрово е укината забраната за камиони на планинскиот превој Ѓавато на патниот правец Битола – Ресен, соопшти АМСМ.
Забраната беше воведена од шест часот утрово.
Од 07.45 часот, пак, поради врнежите од снег што ја зафатија земјава, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.