Битолската Зоолошка градина информира дека угина нилскиот коњ Берта, роден во Белград пред 40 години.
-Берта беше омилена радост на најмладите наши гости повеќе од една деценија. Пред да се пресели во нашата ЗОО Градина, Берта, близу 40 години, се дружеше со жителите и посетителите и на зоолошките градини во Скопје, Белград и во Виена, од каде и потекнуваше. Овој наш жител има свои потомци во ЗОО градините во Виена, Белград и Скопје. И покрај длабоката старост Берта одржуваше солидно здравје кое и покрај континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, сепак не можеше многу, против природниот крај за овој животински вид, кој на оваа возраст е неизбежен, велат од Зоо Битола.
Тимот на ЗОО Битола веќе презема чекори современото живеалиште на нилскиот коњ да стане дом на нов жител.
Инаку, Берта и Буцо, живееја заедно во скопската Зоолошка градина. Стручните тимови поради страв од инцест одлучија подоцна да ги одвојат и Берта да стане нов жител на Зоо Битола.