Македонија Грција

Учество на министерот Муртезани на ЕУСАИР Форум во Крит

Покрај церемонијата на примопредавање, министерот Муртезани, како што е најавено, ќе учествува и на Панелот на министри за фондови на ЕУ и на министерскиот состанок, како дел од пошироката агенда на Форумот посветена на зајакнување на регионалната соработка, поврзаност и интеграција во Јадранско-јонскиот регион.

Учество на министерот Муртезани на ЕУСАИР Форум во Крит

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија на Форумот на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), кој во рамки на грчкото претседавање, од денеска до 7 мај 2025 година ќе се одржи на Крит, Грција.

Како што соопштија денеска од Министерството за европски прашања, Македонија официјално ќе го преземе претседавањето со Јадранско-јонската иницијатива од Грција, првпат откако земјата стана дел од овие формати за регионална соработка.

Покрај церемонијата на примопредавање, министерот Муртезани, како што е најавено, ќе учествува и на Панелот на министри за фондови на ЕУ и на министерскиот состанок, како дел од пошироката агенда на Форумот посветена на зајакнување на регионалната соработка, поврзаност и интеграција во Јадранско-јонскиот регион.

Претседателството на Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива започнува на 1 јуни 2025 година и ќе трае една година. (МИА)

To top