Македонија ЗЕМП

Трајков учествуваше на иницијативата „Дрво на пријателството“

Трајков учествуваше на иницијативата „Дрво на пријателството“

Денеска заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ доц. д- р Викторија Трајков присуствуваше на регионалната иницијатива „Дрво на пријателството“, организирана од Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ) кое се спроведува во соработка со локални партнери во сите земји од регионот уште од 2020 година.

Настанот, се одржа во Општина Аеродром, каде што се засадија дрвја како дел од симултаното садење низ градовите на Западен Балкан.

Заменик министерката Трајков ја истакна огромната важност на ваквата иницијатива, која има за цел да ја подигне свеста за загадувањето на воздухот и климатските промени, притоа промовирајќи регионална солидарност и заедничка акција.

„Со задоволство се приклучив на оваа иницијатива која е пример за тоа како заедно можеме да направиме конкретна разлика. Поддржувањето на зелени проекти е дел од нашата посветеност кон подобрување на квалитетот на живот и заштитата на животната средина“, истакна Трајков.

Денеска во исто време се засадија речиси 600 садници во девет градови низ Западен Балкан, и со тоа се одбележа 5-годишнината од иницијативата „Дрво на пријателството“ посветена на подигање на свеста за загадувањето на воздухот.

Во рамките на овој значаен проект, досега се засадени 2.700 дрвја во 15 градови од регионот, со поддршка на 19 локални партнери.

Најнови вести од Македонија

To top