Македонија МЕП

Трајков: Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, а крајниот исход ќе го почуствуваат компаниите, институциите, а пред се-граѓаните!

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска присуствуваше на панел дискусијата во Стопанската Комора посветен на планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда-зошто се важни за бизнис секторот?

Трајков: Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, а крајниот исход ќе го почуствуваат компаниите, институциите, а пред се-граѓаните!

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска присуствуваше на панел дискусијата во Стопанската Комора посветен на планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда-зошто се важни за бизнис секторот?

Пред европските претставници и бизнис заедницата, заменик-министерката Трајков истакна дека Планот за раст има за цел намалување на економските диспаритети меѓу земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, а преку тоа и да овозможи подобрување на животот на граѓаните и подобрување на стандардите во сите сфери од живеењето.

,,Владата посветува големо внимание на спроведување на зацртаните чекори во Реформската агенда, која што сме ја презеле како обврска и која се надевам ќе ја спроведеме доследно и во целост. Финансиската помош предвидена со Реформската агенда сепак, не е подарок. Таа зависи од нашата подготвеност да сработиме за да може да продолжиме напред. Секоја реформа ќе биде плус на нашето салдо, а крајниот исход ќе го почуствуваат компаниите, институциите, а пред се-граѓаните”- порача пред присутните во Стопанската Комора,заменик-министерката Трајков.

Таа потсети дека за да се почувствуваат бенефитите, ќе мора сите да работиме заедно и здружено, бидејќи само така можеме да одиме напред и само така ќе бележиме успеси на патот кон ЕУ!

Заменик-министерката за европски прашања,  истакна дека нашата земја е првата во регионот која ги доби средствата за претфинансирање во рамките на Инструментот за реформи од вкупно 750 милиони евра, пари предвидени за поддршка на инвестициски проекти, како и за поддршка на реформските процеси, кои се насочени кон зајакнување на економската интеграција.

,,Предвидени се и конкретни цели во делот за деловното опкружување, а овде би спомнала само некои во интерес на времето, меѓу кои: олеснување на пристап до заеми за малите и средни претпријатија, надминување на административните бариери, поефикасен режим и транспарентност во врска со државната помош, справување со неформалната економија итн.

Листата на поставените реформски цели е долга, дел од овие цели ги спроведовме, а дел остануваат да се спроведат во периодот што следува”- истакна Трајков.

Заменик-министерката потсети дека од неодамна и официјално почна со примена Единствената зона за плаќања во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА под исти услови како и во ЕУ. Со тоа, олеснети се и плаќањата за компаниите кон странски партнери, со што се стимулира извозот и се отвора простор за нови вработувања.

To top