Македонија ЗМЕП

Трајков се сретна со европратеничката Марион Валсман од Европската народна партија (ЕПП)

ЗМЕП Трајков се заблагодари за големата поддршка што Валсман и ја дава на нашата држава и како член на Мешовитиот парламентарен комитет за соработка меѓу МK и ЕУ.

Трајков се сретна со европратеничката Марион Валсман од Европската народна партија (ЕПП)

Утрово во Брисел, заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков се сретна со Марион Валсман од Европската народна партија (ЕПП).

На средбата се разговараше за европскиот пат на Македонија како и фокусот на Новата Влада насочен кон економска интеграција кон ЕУ, регионална соработка, забрзување на фундаменталните реформи и финансиска помош на реформите.

ЗМЕП Трајков се заблагодари за големата поддршка што Валсман и ја дава на нашата држава и како член на Мешовитиот парламентарен комитет за соработка меѓу МK и ЕУ.

Влада

ЗМЕП Трајков истакна дека Македонија што поскоро заслужува да биде дел од големото европско семејство: како нова Влада работиме на суштински работи, преземаме суштински мерки, најпрво да ја приближиме државата кон европските стандарди и регулативи. Најдобар доказ за тоа е прифаќањето на Реформската агенда која што и даде на државата пристап до Планот за раст. Треба да се најде решение кое што ќе не одблокира од техничка гледна точка за да можеме да ги отпочнеме преговорите.”- рече ЗМЕП Трајков.

To top