Македонија Соговорниците разменија мислења и за актуелните геополитички предизвици

Трајков: Поддршка од Унгарија за европската интеграција

Заменик-министерката Трајков ја истакна посветеноста на Владата кон спроведување на реформската агенда и забрзувањата евроинтегративниот процес, нагласувајќи ја важноста од континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.

Трајков: Поддршка од Унгарија за европската интеграција

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со унгарска делегација предводена од европскиот директор и заменик државен секретар во Министерството за европски прашања на Унгарија, Балаш Молнар.

На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете земји, со акцент на унапредување на партнерството во процесот на европска интеграција.

Заменик-министерката Трајков ја истакна посветеноста на Владата кон спроведување на реформската агенда и забрзувањата евроинтегративниот процес, нагласувајќи ја важноста од континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.

Од унгарска страна беше изразена подготвеност за понатамошна експертска и институционална соработка, особено во делот на искористување на европските фондови, политиката на проширување и финансиската рамка на Европската Унија.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните геополитички предизвици, при што беше нагласена потребата од засилена регионална соработка и стабилност како предуслов за напредок на целиот регион кон членство во ЕУ.

Во рамки на средбата беше договорено продлабочување на соработката преку размена на искуства и добри практики, како и интензивирања комуникацијата меѓу институциите во наредниот период.

Најнови вести од Македонија

To top