Македонија Владата работи посветено на спроведување на европските стандарди

Трајков: Нашите граѓани, нашите млади луѓе заслужуваат подобар живот! Заслужуваат Европа-дома!

Предизвици кои не научија и се уште не учат да ги претвораме во можности, истакна Трајков.

Трајков: Нашите граѓани, нашите млади луѓе заслужуваат подобар живот! Заслужуваат Европа-дома!

Заменик-министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков денеска беше говорник на Осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европска Унија во Македонија што се одржа во Собранието.

Заменик-министерката за европски прашања зборуваше на темата „Реформи од другата страна на реториката: регионални предизвици на патот кон Европската унија“.

„Кога се зборува за евроинтеграциите, се мисли на прогрес, се мисли на напредок, на воведување стандарди во сите сфери на живеењето и на крајот, се мисли на подобар живот за сите граѓани. Тоа е мислата која не води нас, но и државите од регионот додека ги вложуваме нашите напори за да ги спроведеме неопходните реформи кои ќе ни го обезбедат посакуваниот влез во Унијата.Тој пат сите ние знаеме дека не е лесен и дека е исполнет со потешкотии и предизвици. Предизвици кои не научија и се уште не учат да ги претвораме во можности“, истакна Трајков.

Таа порача дека Владата работи посветено на спроведување на европските стандарди и подобрување на условите за граѓаните и бизнисите.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

„Целосно сме посветени на спроведување на реформите кои се дел од Реформската агенда, а кои за нас значат шанса да се доближиме до ЕУ преку спроведување на европските стандарди и вредности. Листата на реформите е долга, но охрабрува тоа што дел од овие реформи се веќе спроведени, а дел остануваат да се спроведат во периодот што следува“, истакна заменик министерката за европски прашања.

Во овој период фокусот е на исполнување на 29 чекори до крајот на годинава во областите на јавен финансиски менаџмент, реформа на јавната администрација, енергетика, дигитална транзиција, развој на бизнис секторот и реформи во областа на владеење на правото. Со исполнување на овие чекори, ќе се ослободат дополнителни 134 милиони евра за нашата земја.

Заменик-министерката Трајков рече дека Европската Унија не поддржува во нашите напори да и се приклучиме,но затоа мора да ги вложиме сите наши капацитети, потенцијали, луѓе, заедно да ја оствариме оваа наша стратешка цел за која трпеливо чекаме веќе две децении.

Најнови вести од Македонија

To top