Македонија Полска

Трајков на Светскиот економски форум: Процесот на пристапување кон ЕУ е меѓу клучните приоритети на новата Влада во Македонија

Овогодинешното 33. издание на Економскиот форум е од 3 до 5 септември 2024 година во Карпач под темата: „Време на нови лидери – Заедничко обликување на иднината“.

Трајков на Светскиот економски форум: Процесот на пристапување кон ЕУ е меѓу клучните приоритети на новата Влада во Македонија

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков е дел од Светскиот економски форум кој се одржи во Карпач, Полска.

Во своето воведно обраќање, заменик министерката Трајков зборуваше на тема „Интеграција на државите од Западен Балкан – значење и форми на соработка“.

ЗМЕП Трајков ги истакна приоритетите на новата македонска Влада потенцирајќи ги напорите на Македонија на патот кон Европската Унија.

-Процесот на пристапување кон ЕУ е меѓу клучните приоритети на новата Влада во мојата земја, заедно со економскиот развој. Ние сме целосно посветени да ги спроведеме сите неопходни реформи на ЕУ и да го трансформираме нашето општество во согласност со правилата и стандардите на ЕУ. Во овој контекст, со цел унапредување на процесот, ние сме подготвени на блиска соработка со новата Комисија, како и со Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ и со Полска која треба да го преземе претседавањето со ЕУ во следната година, додаде Трајков.

Регионалната соработка е клучен фактор за успех и затоа како Влада, посочо таа, најважен ни е меѓусоседскиот дијалог помеѓу сите наши земји.

-Ќе направиме се, да бидеме добри соседи, но очекуваме на тој пат и нашите соседи да ни возвратат со ист пристап- реципроцитет и разбирање. Регионалната соработка е суштински дел од процесот за стабилизација и асоцијација (започнат во 2000 г.), а останува клучна и за понатамошно унапредување на пристапниот процес. Второто име на процесот на интеграција е соработка која претставува една од страна на иста паричка -регионалната соработка и проширувањето, рече Трајков.

Форумот ги собра значителен број на светски имиња во политичката сцена, а е организиран од Фондацијата Институт за источни студии во партнерство со Институт Охрид од Македонија и претставува најголемата конференција во Централна и Источна Европа. Овој форум, повеќе од 30 години привлекува политички, економски и социјални лидери од целиот свет.

Уникатниот формат на настанот го поттикнува развојот на соработката меѓу земјите членки на ЕУ и нивните соседи. На Форумот се носат важни декларации секоја година, поради што дебатите се следат со најголем интерес од медиумите ширум светот, а нивните одгласи одекнуваат во експертските и политичките кругови долго по завршување на Форумот.

Овогодинешното 33. издание на Економскиот форум е од 3 до 5 септември 2024 година во Карпач под темата: „Време на нови лидери – Заедничко обликување на иднината“.

Најнови вести од Македонија

To top