Македонија МЕП

Трајков на средба со Рита Колумбиа, новоименуваната координаторка на ОН во земјава

На средбата беа нагласени приоритети и предизвици во зајакнувањето на соработката меѓу нашата земја и ООН, со посебен акцент на процесот на европска интеграција и одржливиот развој.

Трајков на средба со Рита Колумбиа, новоименуваната координаторка на ОН во земјава

Заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, доц. д-р Викторија Трајков, оствари средба со Рита Колумбиа, новата постојана координаторка на Обединетите нации во нашата земја.

На средбата беа нагласени приоритети и предизвици во зајакнувањето на соработката меѓу нашата земја и ООН, со посебен акцент на процесот на европска интеграција и одржливиот развој.

Доц. д-р Трајков ја изрази својата благодарност за долгогодишната поддршка на Обединетите нации во важни области како што се реформите во јавната администрација, владеењето на правото, образованието, здравството и родовата еднаквост. Таа ја нагласи важноста од унапредување на партнерствата и посочи дека координираните активности со агенциите на ОН играат клучна улога во исполнувањето на стратешките цели на земјата.

Координаторката Рита Колумбиа ја потенцираше посветеноста на Обединетите нации кон поддршката на нашата земја во нејзините реформски процеси, прилагодени на потребите на граѓаните и усогласени со Агендата за одржлив развој 2030.

Средбата ја потврди заедничката определба за продолжување и продлабочување на соработката во интерес на напредокот и добросостојбата на граѓаните.

To top