Македонија ЗМЕП

Трајков на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ОН и Македонија

Трајков посочи дека новата Рамка за соработка претставува значајна можност за продлабочување на партнерството со ОН, особено во областите на доброто управување, економскиот развој, родовата еднаквост и заштитата на животната средина.

Трајков на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ОН и Македонија

Во Министерството за надворешни работи се одржа состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026–2030) меѓу Обединетите нации и Република Македонија. На состанокот, кој го ко-претседаваа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и резидентниот координатор на ОН во Република Македонија, Рита Колумбиа, се изврши преглед на клучните приоритети за претстојниот период, како и на постигнатите резултати на ОН во рамките на поддршката за земјата.

На состанокот присуствуваше и заменик министерката за европски прашања доц. д-р Викторија Трајков, која ги презентираше приоритетите во контекст на европските интеграции и ги нагласи областите каде што соработката со ОН може да го засили напредокот на земјата.

Трајков посочи дека новата Рамка за соработка претставува значајна можност за продлабочување на партнерството со ОН, особено во областите на доброто управување, економскиот развој, родовата еднаквост и заштитата на животната средина.

На средбата беа дефинирани стратегиските области на соработка и приоритетите за одржлив развој кои ќе бидат опфатени во новата рамка. Особено внимание беше посветено на областите каде што ОН може да ја зајакнат својата поддршка преку соработка со македонските институции, како дел од напорите за исполнување на целите за одржлив развој и европските стандарди.

To top