Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), Илија Стоилев денеска ќе остварат работна средба со градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев.
На средбата, како што е најавено, ќе се разговара за потребите на општината за искористување на средствата од европските фондови во реализација на проекти од интерес за граѓаните.
Трајков и Стоилев денеска во Општина Свети Николе ќе посетат и компанија корисник на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија наменет за рурален развој (ИПАРД) како петта компонента на ИПА.