Дипломатската офанзива покажува резултати. Веќе не се навикнати да разговараат со македонски политичари кои прифаќаат се. Напротив.
Ова во „Наткаст“ на Курир го истакна заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која разговараше со Љупчо Цветановски.
-Ние аргументирано објаснуваме и кога на искусни дипломати во светот аргументирано ќе ја објасниш својата позиција, дури и препрашуваат што е и зошто така се случило. Се интересираат повеќе за твојот проблем. Тоа не било случај до сега, но ние трпеливо, чекор по чекор се трудиме сето тоа да го направиме, рече Трајков.
Таа посочи на што ќе се фокусираат следниов период.
-На меѓународна сцена Македонија веќе ја добива положбата која што ја заслужува. На крајот на денот, билатеризација на самиот процес навистина не одговара на никого, посебно ние го чувствуваме сето тоа. Но мислам дека ќе собереме храброст и ние и Европската Унија и нашиот сосед Бугарија, да најдеме едно заедничко решение за кое што ќе се каже дека со еден добрососедски тон сме го донеле и двете држави. Во следниов период ќе се фокусираме на средби на различни нивоа со бугарската Влада, рече Трајков.