Македонија исчезнат во јануари годинава

Трагичен крај: Миле Тодоров пронајден починат, се огласи неговата сестра

Трагичен крај: Миле Тодоров пронајден починат, се огласи неговата сестра

Трагично заврши потрагата по младиот Миле Тодоров од Неготино. Неговата сестра Марија, преку социјалните мрежи се прости од својот брат.

-Летај со ангелите мило наше. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка. болката е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој, напиша сестрата на Миле.

Погребот ќе се изврши утре од 12 часот на градските гробишта во Неготино.

28 годишниот Миле беше пријавен за исчезнат во јануари во годинава.

 

 

Најнови вести од Македонија

To top