Македонија Од срце за срце

Традиционална крводарителска акција „Голема Богородица“

Акцијата ќе се одржи во Дом на АРМ со почеток од 09-17 часот и на истата се очекува да бидат донирани од 180-200 крвни единици.

Традиционална крводарителска акција „Голема Богородица“

На 28.08.2025 година Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ја организира 23-та по ред традиционална крводарителска акција во чест на празникот „Голема Богородица”, под мотото „Од срце за срце – капка крв што значи живот”.

Акцијата ќе се одржи во Дом на АРМ со почеток од 09-17 часот и на истата се очекува да бидат донирани од 180-200 крвни единици.

-Дарувањето на крв претставува директен придонес и помош за спасување на животите на сите оние на кои крвта им е потребна во дадени критични состојби било да се тоа несреќи, операции, сериозни болести. Преку доброволното дарување секој од нас ја покажува својата хуманост и солидарност, го покажува својот придонес за стабилни резерви на крв во здравствениот систем и негово непречено функционирање. Ги покануваме сите здрави граѓани на возраст од 18 до 65 години да земат учество во оваа хумана мисија и да спасат нечиј живот, велат организаторите.

За повеќе инфомации стручен соработник Веселинка Цветановска 078/220-954.

To top