Македонија на 25 мај

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: 10 години Фестивал на нарцисот „Лазарополе цути“

Поради најавена голема посетеност ќе има посебен сообраќаен режим.

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: 10 години Фестивал на нарцисот „Лазарополе цути“

Манифестацијата Фестивал на нарцисот „Лазарополе цути“ ќе се одржи по 10 пат на 25 мај.

Месната Заедница на село Лазарополе, Здружението на поранешни жители на село Лазарополе и Здружението за поттикнување на партнерството и развој на граѓанското општество ТОРДИС ги поканува сите граѓани да ја продолжат традицијата на берење нарциси.

Оваа година Фестивалот на нарцисот – „Лазарполе цути 2024 година“ ќе се одбележи под мотото: „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО со расцутениот нарцис, симбол на заштитата на природното движно и недвижно културно наследство.

Фестивал на НАРЦИСОТ “Лазарополе Цути“ – “Lazaropole Blooms“

Според програмата, манифестацијата ќе биде отворена во 10:15 часот со звукот на зурлите и тапаните, а потоа следува собир пред хотелот Калин, односно сред село.

Кон ливадите со нарциси ќе се тргне во 10:40 часот, по пристигнувањето следува берење на нарциси, дружба и оро со сурли и тапани се до 13:30 часот.

Поради најавена голема посетеност ќе има посебен сообраќаен режим.

Од месната заедница на сите посетителите им порачуваат да ја почитуваат природата и да се однесуваат совесно, да не оставаат ѓубре зади себе и отпадоците да ги фрлаат во поставените места за отпад.

Најнови вести од Македонија

To top