Македонија сае тигар

Тошковски: Успехот на САЕ Тигар не задолжува и понатаму да ги зајакнуваме нивните капацитети

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска одбележува 43 години од нејзиното формирање. По тој повод заедно со членови од мојот кабинет во кругот на Единицата присуствував на ова одбележување каде положивме цвеќе пред споменикот на загинатите припадници и се потсетивме на жртвата кои тие ја дадоа за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

САЕ “Тигар“ е посебна единица во рамките на Бирото за јавна безбедност која е формирана за планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот, решавање на заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица, апсење на опасни криминални групи, решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје, обезбедување загрозени ВИП личности и објекти, давање асистенција во борбата против организираниот криминал, како и спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени. Ваквите специфични задачи бараат високо ниво на подготвеност и поседување на специјални вештини кои со гордост можеме да кажеме дека ги поседуваат нашите колеги припадници на оваа Единица, а нивниот успех во работата не задолжува како менаџмент и понатаму да продолжиме со обезбедување на соодветни услови за работа и дополнително зајакнување на кадровските и технички капацитети, истакна Тошковски.

Поврзани теми

To top