Никола Николовски познат како Томба, кој веќе пет месеци се лекува во болница во Малта поради мозочно крварење, предизвикано од руптура на крвен сад, се враќа дома.
По апелите за помош, Томба да се врати во Македонија и да продолжи со рехабилитацијата, обезбедени се финансиски средства благодарение на хуманите граѓани.
-Пред почеток на викендот, сакаме да споделиме убави вести, Томба се враќа дома! Потребните средства за транспортот на Николче – Томба се целосно собрани, по сите канали! Вашата солидарност, донации и споделувања направија нешто големо – му овозможивте да се врати во Македонија, каде што ќе ја продолжи рехабилитацијата со поддршка од семејството и пријателите. Кога сме заедно – можеме сè. Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа мисија, објавија од ECrowd.