Македонија По кусо боледување

Тажна вест: Почина новинарот Менде Младеновски

Младеновски беше долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ и се залагаше за почитување на највисоките професионални стандарди во новинарската професија.

Тажна вест: Почина новинарот Менде Младеновски

По кусо боледување денеска почина Менде Младеновски (1955-2024), долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“.

Младеновски беше долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ и се залагаше за почитување на највисоките професионални стандарди во новинарската професија.

Остана активен во новинарството до последните денови.

За својата новинарска посветеност и професионализам добитник е на бројни награди признанија.

Редакцијата на КУРИР им изразува сочувство на членовите на неговото семејство, колегите и пријателите.

To top