Македонија

Свечена заклетва на новопримените професионални војници во велешката касарна

Свечена заклетва на новопримените професионални војници во велешката касарна

Свеченост за давање заклетва на новопримените професионални војници ќе се одржи денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во Центарот за индивидуална обука кој е во состав на Командата за обука и доктрини на Армијата.

Во рамките на свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на професионалните војници.

To top