Македонија

Страшна глетка од големиот пожар кај Јажинце – патот кон граничниот премин затворен (ФОТО+ВИДЕО)

Директорот Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат напорите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувна во Јажинце.

Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.

ЦУК

На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.

Патот кон граничниот премин Јажинце (со Косово) е затворен до понатамошно известување.

ЦУК

Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција.

To top