Пратеничката Стојкова Серафимовска потсети дека минатата недела Државната комисија за спречување на корупција побара да биде разрешен директорот на Агенцијата за филм, а имено и пред 4 месеци и министерството за култура дало негативно мислење за неговиот извештај и неговата работа.
-Имено мината недела Државната комисија за спречување на корупција побара да биде разрешен директорот за Агенцијата за филм, поточно в.д директорот за Агенцијата за филм и да се отпочне кривична постапка против него. Пред 4 месеци Државниот завод за ревизија дава негативно мислење за неговата работа, а и самото министерство за култура исто така дава негативно мислење за неговиот извештај за работа и затоа прашањето ви го поставувам вас, кажа таа.
Пратеничката укажа дека изборот на директор на Агенцијата за филм е срам во однос на исполнети услови и компетенции да биде прв човек на таа институција.
-Кредибилитетот и капацитетот за застапување за законитост и економичност како и за материјално и финансиско работење на актуелниот в.д директор, а претходно директор што е дискутабилен малку е и срам во однос на исполнети услови и компетенции да биде прв човек на оваа институција. Ваквите состојби во Агенцијата за филм се утврдени врз списи како докази кои го потврдуваат фактот дека се направени и продолжуваат да се прават низа на неправилности и злоупотреба на службената положба од страна на актуелниот в. д директор Бојан Лазаревски, но и на претходниот директор на Агенцијата за филм во чие време Бојан Лазаревски беше член на управниот одбор на Агенцијата за филм, вели пратеничката.
На крај таа упати пратеничко прашање до премиерот Ковачевски дали планира да го разреши в.д директорот на Агенцијата за филм за кој веќе една година се зборува во медиумскиот простор дека не е соодветен.
-Моето конкретно прашање е кога владата планира да престане да го крши законот откако бројни агенции и невладини институции констатираа дека актуелниот директор на агенцијата за филм, Бојан Лазаревски работи незаконски за што би требало да сноси кривична одговорност односно дали владата постапила согласно извештајот за човечки ресурси и одржлив развој односно на полугодишниот извештај и работа на агенцијата за филм согласно член 19 од законот за филмска дејност се наведува дека веднаш треба да се реагира и дали согласно овој извештај итно владата распишала јавен оглас за именување на директор на агенцијата за филм. На кратко дали планирате премиере да го разрешите в.д директорот на Агенцијата за филм кој веќе една година се зборува во медиумскиот простор дека не е соодветен, праша пратеничката Стојкова Серафимовска.