Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Сарај, Мартин Стојановски објави дека денес го посетиле Кондово и Сарај заедно со министерот Тимчо Муцунски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Денеска заедно со Орце Ѓорѓиевски и Тимчо Муцунски ја посетивме населбата Кондово и бевме меѓу граѓаните. Со искрени разговори ги слушнавме нивните проблеми, предлози и идеи за подобро утре. Веруваме дека само преку директен контакт и вистинска посветеност можеме да изградиме поубаво место за живеење, објави Стојановски.

Тој потенцира дека, нашата визија е јасна – Кондово и Сарај да бидат дел од промените што ќе донесат подобар живот за сите граѓани.
Заедно со народот градиме победничка енергија и голема поддршка за иднината што доаѓа, објави Стојановски на својот фејсбук профил.