По средбата на Путин и Трамп на Аљаска можеби го предвидовме целот исход на војната земајќи ги во предвид повеќе елементи во таа тајна дипломатија и разузнавачка заедница кои имаа клучна улога во разврската на овој конфликт, рече во Теман на денот, аналитичарот Милан Стеваноски.
Во таа смисла јас димензионирав дека до крајот на годината ќе има некој пробив, бидејќи Трамп сака да има мир во тој период од една година од превземање на мандатот како претседател на САД. Бидејќи САД премногу се трошат, а на клучни точки во светот имаат и други приоритети. Во таа смисла Зеленски со ова обраќање ја отвара портата спрема јавноста дека мора да има компромис, генерално специјалните претставници се сретнаа за да може да му дадат тежина на овој документ, колку тој да е неофицијален, па и да е пробен балон кон европската јавност и украинската, де факто и де јуре овој документ ќе биде основа на разврската на овој конфликт, истакна Стефаноски.