Македонија Стратешките интереси на државата се пред секоја политичка суета

Стефаноски: Пржинската Влада е ГМО во македонскиот правен поредок

Бришењето на Пржинската Влада би било знак дека институциите се вратени на државата. Знак на политичка зрелост. Дека правниот поредок е вратен, дека политичката култура се гради со механизми на почит, дијалог, култура и комуникација.

Стефаноски: Пржинската Влада е ГМО во македонскиот правен поредок

Техничката Влада, односно Пржинската Влада беше формирана заради тогаш специфичните околности во тие моменти и беше плод на компромисни решенија се со цел враќање на довербата кон правно политичкиот поредок на државата и надминување на политичката криза.

И, како таква само тогаш имаше смисла и логика да функционира. Денес, после повеќе од една деката, Пржинската влада е Генетски модифициран организам во политичкиот и правен систем на државата. Без никаква смисла да опстои.

Ако таа продолжи да опстојува, тоа значи дека ние не сме зрели да чекориме кон ЕУ. Тоа значи дека немаме ефикасен правен систем кој преку Изборниот законик механизмите за легитимни избори се неадекватни.

Повеќе или помалку извештаите од ОБСЕ и други организации за изборни регуларности и пред и за време на Пржинската Влада се скоро исти.

Пржинската Влада не е клучен гарантор за слободни и демократски избори, туку напротив, може да биде своевиден кочничар, а институциите дополнително политизирани.

Гарантор за слободни и фер избори се граѓаните, силните институции, законите, медиумите и НВО.

На крајот на краиштата какви пораки испраќаме кон инвиститорите, сојузниците, партнерите со т.н Техничка Влада?

Ако ние немаме доверба во институциите и државата, тогаш како ќе имаат доверба инвиститорите или пак  САД и ЕУ?

Денес сме земја членка на НАТО, а пред нас е реформска агенда кон членство во ЕУ.

Политичкиот дијалог треба да биде основна и базична подлога за градење на  политичка култура базирана на почит и толеранција.

Стратешките интереси на државата се пред секоја политичка суета.

Венко Филипче ја нема таа величина, тој сепак е заложник на муртинските интигри, и како таков за него врвен потег би било денес да зборува на пример вакцини за пари, за колонии на Марсовци зад Мирчо свињарникот итн.

Како и да е, СДСМ и така не е релевантен политички фактор.

Секако е трета или четврта политичка сила во државава, па јас да сум Христијан Мицковски не би ги ни викал на средби.

Нека тонат во очајот и злобата во муртинското блато.

Бришењето на Пржинската Влада би било знак дека институциите се вратени на државата. Знак на политичка зрелост. Дека правниот поредок е вратен, дека политичката култура се гради со механизми на почит, дијалог, култура и комуникација.

Би била силна порака до инвиститорите и бизнисот дека тие 100 дена неизвесност се минато.

Дека никој исфрустриран не би ја искористил позицијата во тех.Влада да блокира или да се создава хаос итн.

Бришењето на Техничката Влада би било и силна порака до ЕУ и САД дека овде владеат закони и цврсти институции.

 

 

Милан Стефаноски за Курир.мк

 

Најнови вести од Македонија

To top