СТАОРЦИ СЕ ШЕТААТ ПО КЛИНИКИ – ОВА Е СЛИКАТА ВО РЕСОРОТ ЗДРАВСТВО КОЕ НА МАРГИНИТЕ ГО ОСТАВИ ВЛАСТА ВО ЗАМИНУВАЊЕ
Комисијата за здравство на ВМРО -ДПМНЕ во повеќе наврати алармираше за неводењето грижа за хигиената во клиниките и во повеќе здравствени установи низ државата.
-Видеото со оромен стаорец како шета низ Клиниката за кардилогија кое е објавено на социјалните мрежи всушност ја отсликува сликата која денес по 7 години ја остава одродената власт во заминување која не само што не го изгради новиот Клинички центар и во наследство остава пенали за неградење на истиот изразени во најмалку 20 милиони евра оштета, покажа на дело дека не се грижи ниту за хигиената на постојните Клиники.
Нема одговори на прашањата:
1. Дали ДСЗИ врши контрола за хигиената на Клиника за кардиологија и другите клиники,но и сите јавни здравствени установи ширум државата и кои се наводите доколку се вршат овие надзори?
2. Дали на секои 6 месеци се врши ДДД во здравствените установи и кои се наводите од овие контроли
ВМРО – ДПМНЕ многу скоро ќе стави крај на лошите практики во здравството, а граѓаните ќе го кажат последниот збор за сите негативни појави во здравствениот систем.
Ќе покажеме вистински што значи одговорно, отчетно и домаќинско работење во интерес на сите граѓани и здравствениот систем, стои во објавата на Комисијата за здравство на партијата.