Македонија Комисија за европски прашања

Стаменкоска Трајкоска: Градиме модерна, европска и одржлива Македонија

Во објава на Фејсбук пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ посочи три закони што ќе донесат подобар квалитет на живот

Стаменкоска Трајкоска: Градиме модерна, европска и одржлива Македонија

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, во објава на Фејсбук информира дека на Комисијата за европски прашања се дебатира за три значајни закони кои, како што вели, ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните.

Таа посочи дека првиот закон се однесува на подобра пристапност на веб услугите за лицата со попреченост и за постарите лица, со цел поголема дигитална писменост и поинклузивно општество. Вториот закон предвидува усогласување со европските стандарди за енергетска ефикасност, а третиот е насочен кон намалување на негативните влијанија од индустријата врз воздухот, водата и почвата.

-Со овие чекори градиме модерна, европска и одржлива Македонија, каква што сакаме да им ја оставиме на нашите деца, напиша Стаменкоска Трајкоска.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Најнови вести од Македонија

To top