Со среќен крај заврши потрагата по младата прилепчанка Биљана Јандреска Андоноска.
Таа беше исчезната повеќе од 24 часа, случајот беше пријавен во МВР и интензивно по неа трагаше и нејзиното семејство.
Нејзините најблиски сега соопштија убава вест, а тоа е дека 34-годишната прилепчанка е пронајдена жива.
“Ви Благодарам на секоја помош.
Биљана е пронајдена, жива е” – соопштија од нејзиното семејство.
