Македонија Во организација на Советот за млади

Средношколски дијалог со претседателката

На настанот ќе учествуваат ученици од средно образование, кои заеднички со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе разговараат на повеќе теми коишто директно ги засегаат младите: чувството на безбедност, како во училиштата, така и надвор од нив, медиумската писменост, зависностите и предизвиците со кои се соочуваат средношколците денес.

Во организација на Советот за млади при Кабинетот на претседателката, денеска – 26 март 2026 година, четврток, ќе се одржи настан насловен „Средношколски дијалог со претседателката“.

На настанот ќе учествуваат ученици од средно образование, кои заеднички со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе разговараат на повеќе теми коишто директно ги засегаат младите: чувството на безбедност, како во училиштата, така и надвор од нив, медиумската писменост, зависностите и предизвиците со кои се соочуваат средношколците денес.

Најнови вести од Македонија

To top