Македонија БЈБ

Средби на директорот Јанев со челните луѓе на Европол

Притоа на овие средби од страна на директорот Јанев беа актуелизирани прашања од стратешки интерес, односно трите клучни столба кон кои што ќе бидат насочени сериозни напори и соодветни ресурси во нивна реализација.

Средби на директорот Јанев со челните луѓе на Европол

Во рамки на Европска конвенција на шефови на полиции (European Police Chiefs Convention – EPCC) што вчера и денес се одржува во седиштето на Европол –Хаг, во Холандија, денеска (25.09.)директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, оствари билатерални средби со директорката на Европол Катарина Де Бол и директорот за операции на Европол – Жан Филип Лекуф.

Притоа на овие средби од страна на директорот Јанев беа актуелизирани прашања од стратешки интерес, односно трите клучни столба кон кои што ќе бидат насочени сериозни напори и соодветни ресурси во нивна реализација: борбата против организираните криминални групи, кои се активни во регионот, но и на меѓународно ниво; потоа реорганизација на полициските служби, во насока на поголема и подобра искористеност на постоечките капацитети, пред се во интерес на подобрување на безбедноста на граѓаните; како и техничка модернизација на полициското работење, преку дигитализација на одредени процеси (воспоставување на нови системи за управување со случаи и управување со документи) и воведување на иновативни методи за справување со растечките предизвици од сериозниот и организиран криминал.

МВР

Исто така, особено на средбата со првиот оперативец на Европол г-динот Лекуф, директорот Јанев се осврна на договореното упатување на наши полициски истражители во Европол, што ќе работат со оперативни аналитичари од Европол и од други засегнати држави на заеднички меѓународни истраги, што е од исклучително значење како уште една потврда за решеноста на македонската полиција конкретно и практично да биде сериозен и кредибилен партнер во меѓународната полициска соработка крајно посветени на борбата против транс-националниот криминал.

Најнови вести од Македонија

To top