Македонија

Средба во Стопанската комора со лиценцирани управители на станбени згради

Ќе се разговара за тоа кој мoже да управува со станбените згради, станбено-деловните згради и деловно-станбените згради, за застапување во постапките пред надлежните органи со цел за функционирање, за одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда, за елементите на договор на заемни односи и други активности согласно законската регулатива на дејноста, соопшти Стопанската комора.

Средба во Стопанската комора со лиценцирани управители на станбени згради

Регулаторната комисија за домување, во организација со Групацијата за управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Северна Македонија, денеска организираат работна средба со правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда.

Тема на средбата е „Насоки за вршење на дејноста на управување со станбени згради во согласност со Законот за домување“. Ќе се разговара за тоа кој мoже да управува со станбените згради, станбено-деловните згради и деловно-станбените згради, за застапување во постапките пред надлежните органи со цел за функционирање, за одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда, за елементите на договор на заемни односи и други активности согласно законската регулатива на дејноста, соопшти Стопанската комора.

На состанокот ќе присуствуваат тимот на Регулаторна комисија за домување, претставници на Министерство за транспорт и врски, на Групација за управување со станбен и деловен простор при Стопанска комора и останати правни лица кои поседуваат лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда.

To top