Македонија МЕП

Средба на министерот Муртезани со постојаната координаторка на ОН, Колумбиа

Министерот Муртезани, исто така, ја истакна улогата на агенциите на ОН, особено UNOPS и UNDP, во справувањето со значајни предизвици и во унапредувањето на клучни проекти финансирани од меѓународни партнери.

Средба на министерот Муртезани со постојаната координаторка на ОН, Колумбиа

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска остварил средба со постојаната координаторка на Обидинетите нации во Макеоднија, Рита Колумбиа, на која била реафирмирана повеќе од дводецениската блиска соработка помеѓу Македонија и агенциите на ОН во земјата.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања, Муртезани упатил благодарност за партнерството кое го поддржува патот на земјата кон ЕУ интеграција и инклузивен развој, имајќи предвид дека иницијативите на ОН се тесно усогласени со реформските цели на Македонија.

– Министерот Муртезани, исто така, ја истакна улогата на агенциите на ОН, особено UNOPS и UNDP, во справувањето со значајни предизвици и во унапредувањето на клучни проекти финансирани од меѓународни партнери. Тој подвлече дека нивното учество во работните групи предводени од Владата го зајакна координирањето на донаторите, осигурувајќи ефикасна употреба на ресурсите за поддршка на приоритетите на Македонија за ЕУ интеграција, се вели во соопштението.

Муртезани и Колумбиа на средбата се осврнале и на стратешките приоритети на ОН во Македонија, дефинирани во Рамката за одржлива развојна соработка 2021-2025, кои ги опфаќаат одржливиот и инклузивен економски и социјален развој, климатските промени, управувањето со природните ресурси и ризици од катастрофи, како и транспарентното и отчетно демократско управување.

To top