Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со делегацијата на УСАИД, предводена од Џери Дибл.
На средбата, како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заеднички биле споделени важни стратешки приоритети на двете институции, пред се, за модернизација на енергетските капацитети и мапирање на идните проекти за соработка.
– Градењето одржлив, функционален и модерен енергетски систем останува највисок приоритет на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и УСАИД, се наведува во соопштението.