„Преку заокружување на проектот за користење на податоците од Царинската управа од страна на Народната банка преку современи веб-услуги, ќе се придонесе кон поефикасен систем на прибирање, изгoтвување и објавување на статистичките податоци“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска. Притоа, на средбата беа нагласени предизвиците од новите технологии и постојаната заложба за подобрување на дигиталниот профил на работата и процесите на двете институции, за што голем придонес имаат заедничките активности, соработка и проекти.
Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, истакна дека соработката со Народната банка е од големо значење во борбата со организираниот криминал.
„Потребно е да ја зајакнеме и подобриме институционалната соработка, преку размена на податоци. Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите особено во делот на меѓународните трансакции е клучно“, вели Николовски.