Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, оствари средба со пратениците на германскиот Бундестаг Давид Прајсенданц и Тилман Кубан.
На средбата присуствуваа и заменик генералниот секретар Никола Ѓошевски, како и директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје, Даниел Браун.
Соговорниците разговараа за досегашните заеднички проекти, како и за можностите за соработка меѓу двата парламента во наредниот период, посебно на ниво на служби, при што беше изразено обострано задоволство од комуникацијата на сите нивоа.
Беа разменети мислења и за процедурите и чекорите за донесување на законите во Собранието кои произлегуваат од Реформската агенда, а во насока на процесите за интеграција во ЕУ, кои беа посочени како државен приоритет, за чие исполнување е од посебно значење и поддршката од Сојузна Република Германија.
Во тој контекс, се разговараше за неодамншните реформи во делот на администрацијата, како една од клучните точки во рефрските процеси.
Притоа беше истакната и потребата од засилување на независноста и на надзорната улога на Собранието, како мошне значајни во понатамошниот процес на евроинтеграција.
Се разговараше и за примената на новиот Деловник на Собранието, како и за можностите за воведување календар за пленарни сесии, но и за поддршката од Бундестагот во делот на обезбедувањето на законодавниот дом.