Македонија

СПОРТСКАТА САЛА „ПАРТИЗАН“ ВО ЧАИР ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ФУНКЦИЈА- Ристовски изврши увид и најави проект за санација

СПОРТСКАТА САЛА „ПАРТИЗАН“ ВО ЧАИР ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ФУНКЦИЈА- Ристовски изврши увид и најави проект за санација

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Георгиевски, денеска изврши увид на спортска сала „Партизан“ во Чаир и најави заеднички проект на Министерството за спорт со Општина Чаир за целосна реконструкција на овој важен спортски објект.

-Салата ја затекнавме во катастрофална состојба, комплетно руинирана и утврдивме дека е потребна целосна реконтрукција. Постигнат е договор со градоначалникот Висар Ганиу партнерски да ја реконструираме спортската сала која во минатото била полна со дечиња од сите спортови, а сега е во катастрофална состојба. Затоа Министерството за спорт ќе одговори позитивно на барањето на градоначалникот на Чаир за заеднички проект за реконструкција на овој значаен спортски објект. Македонија мора да се менува и мора сите заедно да работиме во таа насока – истакна министерот Борко Ристовски.

Салата „Партизан“ во Чаир беше опожарена во 2011 година и оставена во нефункционална состојба. Во изминатите години имаше повеќе иницијативи за нејзина реконструкција прво од Град Скопје, а подоцна и од претходната Влада, но досега не е ништо реализирано, а салата во меѓувреме е целосно руинирана.

To top