Македонија СПМ

Според висината на минималната плата сме на дното заедно со Босна и Херцеговина

Во „како пупка“ отвореното судство за време на ДУИ/СДС, Соузот на синдикати ја загуби својата зграда, која работниците со сопствени средства ја граделе.

Според висината на минималната плата сме на дното заедно со Босна и Херцеговина

Сведоци сме на нова поразителна статистика објавена од Евростат според која Македонците земаат најниска минимална и просечна плата во регионот. Според висината на минималната плата сме на дното заедно со Босна и Херцеговина. Согласно пресметките на ССМ новиот минималец во март ќе изнесува 22.600 денари, кој и понатаму ќе биде најнизок во регионот и нема да биде доволен за да се задоволат потребите за да преживее едно семејство, велат од Социјалистичка партија на Македонија.

-И во јавниот сектор. официјалните податоци велат дека поголемиот број на вработени земаат плата која според висината е поблиску до минималната од колку до просечната плата која изнесува нешто над 38 илјади денари.
Во меѓувреме оваа однародена Влада предлага донесување на Закони, со кои јавната администрација нема да го добие предвиденото покачување во март.

Во „како пупка“ отвореното судство за време на ДУИ/СДС, Соузот на синдикати ја загуби својата зграда, која работниците со сопствени средства ја граделе.

Социјалистичката партија на Македонија прашува дали е тоа социјалдемократската грижа за работниците, каде се сега социјалдемократите да наредат чевли пред Владата во знак на протест за големото иселување на граѓаните и дали Владата на овој начин се справува со проблемите во општеството?

Со ваквата негрижа на Владата, прашање на време е кога и последниот граѓанин ќе ја напушти државата.

Социјалистичката партија на Македонија основано се сомнева дека токму тоа и е целта на ДУИ/СДС, затоа што концептот на вандалската шарена револуција е целосно девастирање на државата и историско бришење на нацијата.

Концепт на државно и општествено разградување кој нема да успее и кој ќе биде одлучно отфрлен од македонските бирачи, додаваат од СПМ.

Поврзани теми

To top