Македонија супериорност на проданоски во прилеп

Според анкетите, Дејан Проданоски и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во Прилеп 

Според анкетите, Дејан Проданоски и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во Прилеп 

На прашањето за кој кандидат за градоначалник во Прилеп ќе гласаат на локалните избори 29,8% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за Дејан Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ, додека пак 50,4% одговориле дека не знаат или се неопределени, за Петра Лукароска од СДСМ 11,7%, за Жарко Бошкоски 1,0%, за Ѓорѓија Игески 1,1%, за Љупчо Дунамаглоски 2,2%, за Борче Чупетрески 1,6%, и за Павлинче Матеска 2,3%.

Дејан Проданоски има поголем рејтинг од останатите кандидати за градоначалници за општина Прилеп, ова го посочува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, кој направи анкета за потребите на МРТ и ја подготви анкетата за локалните избори, конкретно за случувањата околу трката за градоначалник на Општина Прилеп.

На прашањето за кого би гласале во вториот друг 33,2% од испитаниците се изјасниле за Дејан Проданоски, 13,4% за Петра Лукароска од СДСМ, за ниеден 14,4% додека 38,9,% од испитаниците одговориле дека не знаат или се неопределени и 14,4% за ниеден.

На прашањето за која партија и советничка листа би гласале на изборите во општина Прилеп, 30,6% од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ-10,2%, за Левица 4,8%, за ЗНАМ 3,5,%, Друг-1,2%, и независна листа 3,4%.

Најнови вести од Македонија

To top