Македонија „за 2 години Ковачевски не оствари ништо“

СПМ: Оставката на Ковачевски е предвиден законски регулиран потег, а не негова лична желба

Социјалистичката партија на Македонија смета дека оставката на Ковачевски ја оценува како предвиден законски регулиран потег, а не негова желба.

СПМ: Оставката на Ковачевски е предвиден законски регулиран потег, а не негова лична желба

Најавата од Ковачевски дека ќе ја состави новата влада после мајските избори е несериозна изјава на личност која покажа дека е недостојна за оваа функција. Ковачевски не учествувал на избори, нема чувство како се станува премиер со оглед дека е окториран, неизгласан и неприфатен од народот.

Со двете изминати години Ковачевски не оствари ништо, нема резултати од владеењето, а има кризи, порази, предавства, тонење на државата и осиромашување на народот.

Ковачевски потврди дека е недораснат за било каква политичка функција, зошто покажа тотално незнаење и неспособност да менаџира политички процеси и да води влада.

Социјалистичката партија на Макеоднија оценува дека криминалот, корупцијата, лагите и предавствата се карактеристиките на власта на СДС и ДУИ предводена од Ковачевски. Затоа тие мора да си одат и народот да избере вистински водачи за спас на државата.
СДС и ДУИ.

Биле власт и никогаш да не се повторат, стои во соопштението на партијата.

Поврзани теми

To top