Македонија магливи предизборни ветувања

СПМ: Мерките на Владата- провидна предизборна корупција

Владините мерки не се за да се подобри стандардот туку само ќе служат за предизборен маркетинг на СДС и ДУИ за добивање гласови на изборите.

СПМ: Мерките на Владата- провидна предизборна корупција

Социјалистичката партија на Македонија, пакетот марки што го донесе Владата го оценува како очајна и провидна предизборна корупција на најсиромашните во државата.

-Нелегитимниот премиер во заминување Ковачевски со министрите сака со наши, народни пари да ги подлаже сите кои молат со месеци да им се подобри состојбата. Барањата што ги имаат пензионерите, студентите, земјоделците, работниците, администрацијата не се решаваат со овој пакет мерки.

Владата не нуди системски решенија туку ад хок политички мерки кои до изборите ќе ги снема и со тоа ќе се потврди шарената лага и магливите предизборни ветувања.

Владините мерки не се за да се подобри стандардот туку само ќе служат за предизборен маркетинг на СДС и ДУИ за добивање гласови на изборите.

Кредитните линии што ги зема владата се потврда дека реални пари нема и дека само со коруптивни мерки ги лаже граѓаните од чии пари ќе треба да се враќаат кредитите со високи камати.
Со овие мерки владата на СДС и ДУИ повторно ги потценува и омаловажува граѓаните. Мерките се задоцнети и не се доволни за да имаат одржливост.

Власта не ги компарира овие средства со инфлацијата која ги осиромаши граѓаните, а со овие мерки изгубениот стандард не се компензира.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека власта во заминување воопшто не се грижи за потребите на граѓаните и стопанството туку единствено како да остане на власт и да продолжи со криминалот и корупцијата. Затоа на изборите мора да биде казнета и да заврши нејзиното криминално владеење, велат од СПМ.

Поврзани теми

To top