Македонија

Спасено лице кое неколку дена било заробено од снег во викендичка – првично одбилo да биде пренесенo со четирицикл за да не си ги остави двете кучиња

Спасено лице кое неколку дена било заробено од снег во викендичка – првично одбилo да биде пренесенo со четирицикл за да не си ги остави двете кучиња

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е спасено лицето кое било заглавено во својата викендица над с. Радња, во месноста „Гатеново“, кавадаречко. Регионалниот ЦУК Кавадарци извести дека екипа од зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци вчера со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја и едно теренско 4х4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето коешто беше завеано во месноста „Гетеново“.

-Со себе имале и човек кој го познава добро теренот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале планинскиот земјен пат, велат од ЦУК.

Од ЦУК Кавадарци истакнале дека се слушнале со човекот и дека истиот е дома и во добра состојба.

Вчера беше соопштено дека лицето одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња.

Најнови вести од Македонија

To top