Македонија АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, информира АМСМ.

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија известува дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.

-Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, информира АМСМ.

Потсетува и дека од 15 ноември е затворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, за сите видови возила

To top