Македонија АМСМ

Сообраќајот по наместа влажни коловози, магла во Делчево, Прилеп, Битола и на патот Петровец – Велес

Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ.

Сообраќајот по наместа влажни коловози, магла во Делчево, Прилеп, Битола и на патот Петровец – Велес

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има во Делчево, Битола, Прилеп и на патниот правец Петровец – Велес, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ.

Најнови вести од Македонија

To top