Македонија

Сообраќајот на патиштата утринава по влажни коловози

Сообраќајот на патиштата утринава по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.

Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

To top