Македонија АМСМ

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, a на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, информира АМСМ.

Најнови вести од Македонија

To top