Македонија снегот ги изненади надлежните

Сообраќаен хаос и заробени возила, а директорот на „Македонија пат“ се забавува (ФОТО)

Граѓани се заглавени во колони поради снегот и се револтирани бидејќи не можат да стигнат до своите домови или до посакуваната дестинација. Велат дека ним не им е баш забавно како на директорот Ацевски и му порачуваат посериозно да си ја сфати работата за која е надлежен.

Сообраќаен хаос низ цела Македонија. Затворени патни правци, заглавени автомобили во километарски колони… снегот повторно ги изненади надлежните.

ЈП „Македонија пат“ доживеа фијаско, а директорот Костадин Ацевски се забавувал, наместо да се подготвувал за најавата од пред неколку дена, дека денеска ќе вее снег.

screenshot/Kostadin Acevski-facebook

Граѓани се заглавени во колони поради снегот и се револтирани бидејќи не можат да стигнат до своите домови или до посакуваната дестинација. Велат дека ним не им е баш забавно како на директорот Ацевски и му порачуваат посериозно да си ја сфати работата за која е надлежен.

Инаку, од 16:15 часот целосно затворен за сообраќај е патниот правец Гостивар-Стража, соопшти АМСМ.

Поради временските услови од 16:35 часот на патниот правец Градско-Прилеп, кај превојот „Плетвар“ и обратно, има забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 16:30 часот патниот правeц Крива Паланка, граничен премин „Деве Баир“ е затворен за тешки товарни возила.

Од 17:20 чаот патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“ е во прекин за тешки товарни возила, соопшти АМСМ.

Од 16:15 часот целосно затворен за сообраќај е патниот правец Гостивар-Стража.

Поради временските услови од 16:35 часот на патниот правец Градско-Прилеп, кај превојот „Плетвар“ и обратно, има забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 16:30 часот патниот правeц Крива Паланка, граничен премин „Деве Баир“ е затворен за тешки товарни возила.

Најнови вести од Македонија

To top