Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, соопшти Јавното претпријати за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.