Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози.
Како што соопшти ЈП Македонијапат, сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.